Родители внимавајте - еве што значи ако вашето дете се „дружи“ со замислено другарче

Психологот Весна Петровиќ вели дека измислениот пријател е прифатлив се додека детето не тргне на училиште, но доколку „дружењето“ продолжи ситуацијата е загрижувачка.

– Во животот на претшколското дете замислениот пријател може да биде замена за играчка, начин на забава. Тоа е време кога децата не се способни да се дружат на вистински начин со врсниците, бидејќи се уште се фокусирани на себе, водат монолози, а не дијалози и не умеат да ги делат работите. Затоа имагинарниот пријател е речиси нешто нормално. Но училишните деца, кои не успеваат да се ослободат од тој пријател треба да се однесат кај психолог, истакна таа.

Таа појасни дека измислените пријатели по седмата година можат да бидат показател за траума или страв кај детето. Можеби не може да се вклопи во друштво, бидејќи е срамежливо или се чувствува отфрлено од нив.

Петровиќ нагласува дека родителите мораат да обрнат внимание на оваа ситуација.

– Децата на измислените пријатели секогаш им ги припишуваат особините или проблемите, кои самите ги имаат. Важно е тоа да се воочи, со цел да детето да му се помогне да најде вистински другари меѓу врсниците, бидејќи само на тој начин се социјализира. Куклите и непостоечките луѓе се само препрека, тврди таа.

Извор: Вистина.мк

 
 
15.11.2015 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега