ВИДЕО: Чарли Шин призна дека е ХИВ позитивен

 

Овде сум да признаам дека сум ХИВ позитивен, рекол Чарли Шин во емисијата „Today“.

Познатиот актер го призна она што во јавноста долго се шпекулираше.

Тие три букви е тешко да се прифатат, рекол тој.

Веќе неколку недели се шпекулира за идентитетот на холивудскиот актер кој е заразен со ХИВ, а овие денови се појавија информации дека се работи за Чарли Шин.

Тој изјавил дека дознал дека има вирус пред околу четири години.

Изминатата година актерот повеќе се криел од јавноста и ретко се појавувал во медиумите. Чарли позади себе има три пропаднати бракови, неколку раскинати веридби и бројни врски со познати и помалку познати жени. Со првата сопруга Полом Профит ја има ќерката Касандра (21), со Дениз Ричард ги има ќерките Сем (11) и Лола (10), а со Брук Милер ги има шестгодишните близнаци Боб и Макс.

 
 
17.11.2015 - 15:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега