ФОТО:Македонската пејачка и диџејка ќе ве наежи со статусот за починатиот татко

Фани Христова вчера три години по смртта на нејзиниот татко остави емотивна порака на Фејсбук.

„Кога тато ќе ти остави аманет.
Три години, девет наши родендени, три годишнини со мама, многу фамилијарни собиранки, нови членови во семејството,три џез фестивали, еден куп нови вицеви, неколку зелници кои ги месев само по твој вкус. Ете тоа од прилика е се што пропушти тато.
Многу пати си велев: ехх да ми беше Жика тука што ли совет ќе ми дадеше, ама ти на свој начин пак си присутен. Одговорите на сите мои прашања ми ѕвонат во глава. За се те слушам, за секој твој аманет, се епо твое. Твоите принцези се држат силно заедно, се е по твој мерак, освен пијаното кое почна прашина да фаќа. Знам, знам колкууу многу тоа би те лутело, ама меракот не бил ист да свирам а ти да не ме слушаш, ке го поправам ова, ветувам, оти и тоа беше твој аманет.
Велеше чедо во животот на вага не се клава се, ама морав да пробам од една страна да ги ставам работите што ги направи додека беше жив, и оние кои ги пропушташ и сфаќам оти твојата мисија како родител била и повеќе од успешна, тежи од успеси твои тато, оти ти ме воспита.
Аманет да се оставело не ти било лесно, ама си верувал дека нашите женски плеки можат тоа да го држат.
Кој те знаеше, знаеше дека во едната рака ја имаш вистината а во другата хуморот, затоа и сите хумористични аманети не се заборават, велеше чедо во пес и маж верба немај, па ете и тоа е по твое, ни пес си купив ни се мажив уште..: )) ама погреши само тука, верба имам, и тоа голема, оти ти беше пример за маж, татко и најдобар пријател.
Фалиш , ама остави милион нешта со кои ми ги пополнуваш празнините.
Вечна ти слава тато!"

 
 
18.11.2015 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега