Со помош на странските експерти, домашните компании имаат поуспешен бизнис

Странските експерти кои се ангажираат преку проектот на Владата и странските партнерски организации веќе почнаа да работат со македонските компании, пишува Лидер.

Владата во соработка со странските организации кои нудат ваков вид на техничка помош овозможува да бидат покриени најголемиот дел од средствата потребни за ангажирање на странскиот експерт, пред се главните трошоци како што се надоместокот за ангажман на експертот (дневници за работа) и транспортот од земјата во која функционира експертот во Македонија и обратно. Домашните компании, со нивна согласност, имаат определен минимален партиципативен надоместок за покривање на локалните трошоци за ангажман, како што се на пример за сместување, евентуален локален транспорт на експертот, и тоа за периодот за кој тој ќе работи за домашната компанија. Проектот е значајна подршка за домашните компании.

Ова е втор проект од ваков тип кој го организира државата. Првиот кој беше реализиран во 2014 година даде позитивни резултати. Зголемување ан деловните перфроманси, зголемување на капацитетите и отворање на нови работни места се очекуваат и од овој втор проект за кој Владата имаше транспарентен оглас за пријавување на компаниите.

На огласот можеа да се пријават компании со најмалку 51 процент домашен капитал, кои постојат најмалку две години и имаат од пет до 250 вработени.

На него аплицираа 64 домашни компании, со вкупно 70 апликации за изразување интерес за ангажирање на странски експерт, од кои 46 апликации се од мали компании кои имаат од 5 до 49 вработени и 24 апликации кои се поднесени од средни компании кои имаат од 50 до 250 вработени лица.

Најголем е бројот на компаниите кои се занимаваат со производи за секојдневна потрошувачка (33 %), потоа од компаниите од секторот услуги (27 %), како и од компании од областите индустриско производство (24%), технологијата (10%), производството на базични материјали и од областа на здравството (по 3%).

Домашните компании најголем интерес покажале за ангажирање на странски експерти во областа на производството и технологијата (32 апликации), областа на маркетингот и продажбата (23 апликации) и областа на менаџмент во работата (9 апликации)

Во претходниот(во првиот) проект во 2014, имаше позитивни резултати

На првиот оглас аплицираа над 100 компании

85% од компаниите каде што престојувал странскиот експерт истакнале дека како резултат на неговата експертиза и подобрувањето на деловниот перформанс од таа експертиза отвориле или се во процес на отворање на нови работни места.

45% од компаниите истакнаа дека странскиот експерт помогнал во подобрување на производствениот или услужниот процес на претпријатието, 45% истакнале дека имале придобивки во делот на маркетингот, а 10% во делот на процесите на анализа и планирање на дејноста.

46% од странските експерти беа ангажирани во компании кои се од областа на производството на производи за широка потрошувачка, 11% партиципираа во компании од услужната дејност, а 8% во компании од областа на технологијата.
 Опфатени беа компании од 20 градови во државата, кои се различни по обем на вработени.

 
 
18.11.2015 - 16:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега