Вечерва помолете се за да имате спокоен сон

Вечерва помолете се.

Вечен Бог и Цар на секое создание, Ти ме удостои да живеам до овој час. Прости ми ги гревовите што ги направив со дело, зборови и помисли, и исчисти ја, Господе, мојата несреќна душа од секаква телесна и духовна нечистотија. Дај ми Господе, во оваа ноќ да имам спокоен сон, та кога ќе станам од мојата грешна постела, да му угодувам на Твоето пресвето име во сите дни на мојот живот и да ги победувам телесните и духовните непријатели што ме напаѓаат. Господе, избави ме од лоши помисли што ме осквернуваат и од грешни желби, зашто Твое е царството, силата, и славата на Отца и Сина и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. 
Амин.

 
 
18.11.2015 - 23:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега