ФОТО: Северина за малку ќе се удавела на свадбената фотосесија

Свадбените фотографии на Севе и Игор направени под вода одушевија многумина, но непријатноста за време на нивното фотографирање за малку не го однесе животот на хрватската пејачка.

Фотографот Марко Совиљ, кој ја направи фотографијата, откри дека фотосесијата била прилично тешка, а целата работа дополнително ја отежнала венчаницата на Севе.

-Во еден момент започна да се дави, па веднаш и дојдовме на помош. На нозе го поднесе сето тоа. Без разлика на овој инцидент, на снимањето беше мошне забавно со оглед на тоа дека тука беше и Кеба кој се најде во улогата на матичар, открива Совиљ.

Северина и Игор застанаа пред олтарот во септември, а свадбената церемонија за семејството и пријателите ќе се одржи во сабота во Белград.

 
 
19.11.2015 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега