Грчкиот парламент ги одобри новите мерки за штедење

Парламентот на Грција ја одобри денеска новата програма за штедење, пренесува БТА.

За поддршка на пакетот гласаа 153 пратеници од владејачката коалиција, против беа 137 пратеници, а 10 воздржани.

Двајца пратеници од таборот на владејачката коалиција гласаа во спротивност со ставот на нивните партии и беа исклучени од своите парламентарни групи. Едниот од СИРИЗА, а другиот - од „Независни Грци".

Резултатот од гласањето го остава премиерот Алексис Ципрас со едвај 153 пратеници во 300-члениот парламент, два месеци по изборната победа.

Програмата за штедење беше побарана од кредиторите од еврозоната во замена за доделување на 12 милијарди евра на Грција.

 
 
19.11.2015 - 23:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега