Љубица посегна по својот живот: Тој кобен ден била среќна

Љубица Ѓурѓебиќ од Србија испи половина литар киселина и почина.

Несреќната жена посегна по својот живот во понеделникот, а во средата почина во болница.

„Тој кобен ден беше во селото каде има викендица. Ми купи леб и дојде кај мене. Беше расположена и весела. По кратко време ми рече дека ќе оди дома со сопругот Славомир да гледа некоја серија“, раскажува за спрските медиуми роднина на Љубица и додава дека таа вечер оклу 19 часот кај неа отишол Славомир видно вознемирен и и рекол дека на Љубица не и е добро, па отишле на болница.

„Ја сместивме на задното седиште од автомобилот. Викаше дека и е лошо. Не знаевме како да и помогнеме. По десет минути во силна болка ни рече: ’Не можев да издржам, морав да го направам тоа’. Ја прашав што направи, но не ја разбрав. Подоцна ми откри дека испи половина литар киселина“, раскажа роднината на несреќната жена.

Причината не е позната, но можно е да се самоуби бидејќи остана без работа, пренесуваат медиумите.

 
 
20.11.2015 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега