Двајца тешко повредени во страшна сообраќајка во скопско Ѓорче

Во осум сообраќајни незгоди полесно повредени се пет лица, од кои двајца возачи на патничко моторно возило, еден сопатник и двајца пешаци. Причинета е и материјална штета.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе одржи едукативни работилници во централното и подрачното ОУ „Кузман Јосифовски Питу“ кои се наоѓаат на подрачјето на општина Кисела Вода со учениците од второ и четвртtо одделение.

Во сабота со почеток во 21 часот во „Метрполис арената“ ќе се одржи концерт, а со почеток во 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“ во рамките на Лигата на шампионките ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу ЖРК Вардар и Хипо, Австрија.

Во недела со почеток во 17:45 часот во СЦ „Јане Сандански“ во рамките на Лигата на шампионите ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу РК Вардар и Барселона, Шпанија. Од причини што се очекува зголемен интензитет на сообраќајот ќе биде воведен посебен режим на одвивање на сообраќајот, односно од 14 до 20 часот ќе биде затворен за сообраќај бул. „АСНОМ“ на потегот со крстосницата со бул. „Србија“, како и ул. „Васко Каранѓелевски“ од крстосницата со бул. „Јане Сандански“ према СЦ „Јане Сандански“. Од сообраќајната полиција апелираат граѓаните кои ќе дојдат на ракометниот натпревар да ги почитуваат знаците и наредбите коишто ќе им бидат давани од страна на сообраќајни полициски службеници, а доколку дојдат со возило да го паркираат на околните дозволени паркинг простори.

 
 
20.11.2015 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега