Откриена бактерија која е посилна од најсилниот лек

Научниците во Кина открија мутиран вид на бактерија која е отпорна речиси на сите антибиотици. Бактеријата е отпорна дури и на лекот колистин, кој се дава против низа на бактериски инфекции кај луѓето и стоката. Се очекува оваа бактерија да се прошири и надвор од Кина.

Лиз Тејлор од Светската здравствена организација за BBC рече дека нема сигурен механизам за да се спречи оваа бактерија да не се прошири.

Научниците ја открија бактеријата при рутинска контрола на отпорност на ешерихија коли.

„Некои луѓе ќе имаат инфекции кои нема да можат да се лечат, па ќе умираат. Мора сега да дејствуваме“, рече Тејлор.

Мутацијата која ја направи бактеријата отпорна на лекови, се вика MCR-1, а кај неа колистин не може да дејствува.

 
 
20.11.2015 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега