Тргнале на одмор завршија во болница - скопјанец се преврте со автомобилот пред Тетово

Момче и девојка завршија во болница откако попладневно околу 17 часот и 30 минути во близина на Групчин се превртеле со својот автомобил. Како што инофрмира полицијата З.Б.(24) загубил контрола на автомобилот Пежо 206 што го управувал по што автомобилот излетал од патот и се превртел. Возачот и неговата сопатничка А.М.(23) од Скопје се здобиле со лесни телесни повреди и по укажаната помош во тетовската болница биле задржани за понатамошни набљудувања на состојбата. Според првичните неофицијални податоци тие оделе на одмор во Охрид. Полицијата извршила увид  и првично како причина за собраќаката се смета неприлагодена брзина спрема условите на патот и влажен коловоз како последица на врнежите од дожд

најчитано сега