Крвава драма во Струмица: Ги избоделе соседите и ги полиле со бензин за да ги запалат

Ги боделе со нож па ги полиле со бензин. Вистинска драма се случувало во куќата на четиричлено семејство на улицата „Бошко Буха“, во Струмица, јавува Нова Македонија.

Тројца насилници утрово влегле во куќата на нивните соседи вооружени со нож и секира и почнале да ги бодат, а ги полиле и со бензин за да ги запалат.

Според првичните информации од очевидци, повредените имале убодни рани од ножеви во пределот на нозете и стомакот, а поради сериозноста на повредите се префрлени од стрмучката болница на Клиниките во Скопје.

Насилниците се изведени пред Истражен судија и против нив ќе бидат поденесени соодветни пријави.

Тројцата притворени, на возраст од 21 до 30 години, ги нападнале соседите во домот во раните утрински часови, при што се нафрлиле на нив со ножеви и секира, а и ги полиле со бензин за да ги запалат. Наводно, причина за насилството, било кавгата и тепачката меѓу дечињата на притворените и нападнатите,

најчитано сега