Секс скандал во Србија: Познат директор издрогиран имал оргии со вработена

Компанијата „ЕР Србија“ веќе подолго време ја тресе секс скандал, поради тоа што еден директор на српскиот авио превозник , кој инаку е оженет е во љубовна врска со блиска соработничка, пишува српски Курир.

Се излезе на виделина кога сопругата на директорот се посомневала дека сопругот ја изневерува и решила да го провери.

Таа ангажирала искусни приватни детективи кои го следеле ден и ноќ, а кога и ги донеле доказите на неговите афери таа буквално останала без зборови.

-Иако на прв поглед имаа складен брак, на сопругата и беше сомнително тоа што тој се почесто останувал се почесто прекувремено  на работа и наводно имал работни состаноци со клиентите, па таа решила тоа да го провери. Кога детективите ги донеле фотографиите, не можеше да поверува со своите очи. Нејзиниот сопруг бил фотографиран  како се гали и бакнува со  неговата колешка во луда ноќна забава – изјавил добро информиран извор од „Ер Србија“.

Освен тоа што бесрамно и јавно ја изневерувал својата жена, директорот по се изгледа се впуштил и во поголеми пороци.

-Детективите направија фотографии на кои се гледа како тој и неговата убава црна љубовница шмркаат  кокаин, а тогаш така дрогирани се забавуваат со музика и алкохол. Кога сето тоа го дознала жена му , таа направи општ хаос и тоа не само во куќата туку и во компанијата „Ер Србија“- кажал изворот за српски медиуми.

И пред да се дознае за се ова, вработените во компанијата на големо зборуваа за врската помеѓу  директорот и вработената. Имено, страста помеѓу нив била толку силна што не можеле да се воздржат ниту пред вработените. Иако се случи голем скандал тие не ги криеја емоциите ниту во фирмата, а сведоци  на тоа беа сите вработени. Беше само прашање на време кога ќе дознае сопругата на директорот – појаснува изворот.

 
 
23.11.2015 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега