БиХ и Косово на врвот за „извоз“ на џихадисти

Босна и Херцеговина е четврта во светот според бројот на нејзините жители кои се приклучиле кон Исламска држава, објавија британските медиуми, кои додаваат дека оваа година 98 државјани на БиХ се приклучиле кон ИД.

На петто место е Косово со 83 борци, а пред БиХ се Јордан, Тунис и Саудиска Арабија, додека меѓу земјите од Европската унија Белгија е водечка според бројот на припадниците на ИД. 

- БиХ е означена како земја преку која се криумчари оружје, потврди министерот за безбедност Драган Мектиќ, кој до овие сознанија дошол по нападот во Париз.

БиХ се споменува и како место за перење пари за потребите на терористите и покрај тоа што во оваа земја постојат закони за спречување на перењето пари и финансирањето на тероризмот.

 
 
23.11.2015 - 18:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега