Иванов на средба со Столтенберг: Интеграцијата во ЕУ и НАТО во фокусот на разговорите

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска во рамки на посетата на Брисел ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Во фокусот на разговорите на претседателот Иванов со неговите соговорници во Брисел, е интеграцијата на Република Македонија во Европската унија и во НАТО, како и актуелните состојби поврзани со мигрантската и бегалската криза.

Во рамки на посетата тој вчера се сретна со потпретседател на Европската комисија, Франс Тимерманс.

 
 
24.11.2015 - 08:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега