АНКЕТА: 79% од граѓаните сметаат дека треба да се постави ограда на границата на Словенија

Високи 79 проценти од испитаниците на анкетата спроведена меѓу народот се согласуваат Словенија да постави ограда на државната граница со Хрватска, со што и даваат поддршка на одлуката донесена од Владата.

 

Само 21 процент се против ваквата одлука. Доколку овие резултати се споредат со некои неодамна спроведени истражувања на јавното мислење во врска со оваа тема, се поголем број Словенци се согласуваат за поставување на жичена ограда на границата.

Претседателот на Словенија Борут Пахор по вчерашната средба во хрватската колешка Колинда Гравара Китаровиќ истакна дека мора да се настојува да се спречи создавање на „мигрантски џепови“ во секоја земја, во која би се задржале поголем број на бегалци отколку што таа држава може да згрижи во текот на зимата.

Говорејќи за одлуките на Словенија за мигрантската криза и поставување на огради на границата со Хрватска, Грабар- Китаровиќ нагласила оти ја разбира потребата Словенија да ја заштити својата територија, населението и границата.

 
 
24.11.2015 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега