Изгубила контрола и излетала од патот: Кумановчанка итно донесена на Ургентен

Во текот на вчерашниот ден во 15 часот и 20 минути на регионалниот пат Куманово-Св.Николе, на излез од селото Доброшане се случила сообраќајна незгода во која 33-годишната К.М. од Куманово, управувајќи возило „Пежо  207“ изгубила контрола над возилото и  слетала надвор од коловозот од левата страна. Според податоците од полицијата, по незгодата  таа со возило на Итната медицинска помош е пренесена во Болницата во Куманово, а поради сериозноста на повредите препратена е во Ургентниот Центар во Скопје.

Полицијата извршила увид.

 
 
24.11.2015 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега