Станал самохран татко на 21 година: Приказната која го расплака светот

Ричард Џонсон многу млад станал татко, на 21 година. Неговата партнерка одлучила со бебето да побегне во Клифорнија. Меѓутоа се продмислилила и го повикала Ричард да дојде по своето дете, бидејќи во спротивно ќе го дадела на посвојување.
Тие денови Ричард станал самохран татко, бидејќи мајката на неговата ќерка одеднаш ја снемало, а лекарите изјавиле дека за се била крива постпородилната депресија. Ричард не бил спремен за тој чекор. Бил во паника се додека на Фејсбук не пронашол една страница под името “Животот на еден татко“. Оваа страница му покажала дека не е единствен кој се нашол во ваква ситуација и дека ќе успее како самохран татко. Ричард подоцна ја споделил својата приказна на Фејсбук, која за многу кратко време станала популарна.
Тој во овој пост отворено зборува за тоа како мајката на бебето ги напуштила и како и понатака не ја знае причината, иако се сомнева во постпородилна депресија. Тој напишал дека споменатата Фејсбук страница го мотивирала и му го променила животот. Ја прочитал секоја книга за новонастанати родители и поминал илјада часови на Јутјуб гледајќи  видеа на таа тема.
Ричард вели дека тој со неговата жена која била професорка сега е во подобар однос и станува се поблизок од ден воден. 
 
 
24.11.2015 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега