Ракот на усната шуплина почесто е предизвикан од оралниот секс отколку од цигарите

Инфекцијата која се пренесува преку оралниот секс би можела наскоро да ги престигне цигарите како главен предизвикувач на рак на усната шуплина, предупредуваат експертите.

Иако со години пушењето, претераното конзумирање на алкохол и џвакањето тутун биле главни предизвикувачи за крацином, експертите од клиниката „Euroclinix“ велат дека во иднина оралниот секс може да биде главен виновник за добивање на рак. Поточно ХПВ вирусот кој се пренесува преку тој пат.

ХПВ или хуман папилома вирусот, најчесто е причина за рак на матката на грлото, но исто така и за 25% рак на усната шуплина и 35% на рак на грлото. Познато е дека Мајкл Даглас во една прилика изјави дека ракот на грлото го добил токму од оралниот секс. Но, научниците велат дека е тешко точно да се одреди кој ефект овој вирус го има на организмот, затоа што постојат и други фактори на ризик во играта.

Имено, дури и ако пациентот кој има рак на грлото има ХПВ, тоа не значи дека тој вирус е предизвикувач на ракот. Но, она што е познато дека овој вирус станува дел од генетскиот материјал на канцерогени ќелии и го поттикнува нивниот раст.

Сепак, не се согласуваат сите експерти со тврдењето дека оралниот секс ќе го претекне пушењето на првото место како главен предизвикувач на ракот на устата, но ги загрижува податоците дека се повеќе млади луѓе, кои не пушат, боледуваат од оваа опасна болест.

Ваквиот вирус се пренесува преку сексуален пат, а особено незгоден е затоа што може да се пренесе дури и ако користите кондом. Единствен начин да имате во целост безбеден оранел секс е редовно посетување на гинеколог и уролог.

 
 
 
24.11.2015 - 21:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега