Волку пари може да добиете само на лото: Колку заработија Северина и Игор од свадбата?

Неколку дена после свадбата на годината, Северина и Игор Којиќ, може задоволно да тријат раце, бидејќи како што се зборува од подароците собрале повеќе од 250.000 евра.

Како што се шпекулираше свадбата требаше да чини од 50 до 80 илјади евра, може да се каже дека хрватската пејачка и нејзиниот сопруг заработиле најмалку 170 000 евра. А ако се има предвид дека Кеба рекол дека ќе ги плати сите трошоци за свадбата и тоа е неговиот подарок за младенците, тогаш Севе и Игор добиле добри 250 илјади евра.

Со оглед на тоа дека на свадбата имало од спортисти до пејачи, цифрата можеби е и повисока.

 
 
25.11.2015 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега