Мудра приказна: Никогаш не осудувајте!

Малечко девојче држело две јаболка во рацете. Мајката дошла до неа и со насмевка ја прашала...

„Душичке, ќе ми дадеш едно јаболко?“

Девојчето ја погледнало и брзо гризнало едно јаболко, а потоа го гризнала и другото јаболко.

Насмевката на мајката исчезнала, но се обидела да го прикрие своето разочарување.

Помислила: „Каде ли погрешив со воспитувањето на своето дете?“

За кратко време, ќерката и дала едно од загризените јаболка и рекла: „Оваа е послатка. Повели“.

Без оглед на тоа кои сте и што сте доживеале и колку знаење поседувате, никогаш не осудувајте некого.

Дајте им шанса на другите да се објаснат, затоа што често она што ќе го видите не е баш онака како што изгледа.

 
 
25.11.2015 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега