Еве зошто на 23 години добив рак! Не ги правете истите грешки

Сара ја објави својата приказна за да ја предупреди јавноста и да посочи на најважната работа, а тоа е здравјето.

Кон средината на летото сите имаме само едно на ум: колку подобро да поцрнеме. А што ако совршениот летен тен ве чини здравје? – прашува 23 годишната Сара Фарел.

За Elite daily Сара ја објави својата приказна за да ја предупреди јавноста за можностите од нарушување на здравјето и добивање на серизни болести за кои никогаш не сте ни сонувале дека токму вам ќе ви се случат.

„Во февруари оваа година ми беше дијагностициран меланом, метастазиран во четврта фаза.Никогаш не сонував дека со вакво нешто ќе се соочам на 23 години“, пишува таа.

„Да, одев честопати во солариум. Всушност, се опаметив кога еднаш добив гадна изгореница. Тогаш имав 20 години. После тоа престанав да одам во солариуми“ – раскажува таа и додава дека доста внимавала при сончањето, барем тогаш така сметала.

Но, една единствена бенка на нејзината глава и го променила животот.

„Го одложував одењето на лекар бидејќи се плашев да отсуствувам од работа“- прераскажува. Конечно го посетила лекарот откако ја убедиле пријателите за серизноста и итноста на случајот.

 
 
25.11.2015 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега