Терористот кој уби двајца војници закопан во тајност: Кој дојде на погребот?

Енес Омерагиќ, терористот кој во Сараево ги уби двајцата војници и го зави регионот во црно, бил закопан во тајностна гробиштата во Влаково, во присуство само на неколку познаници. Неговите роднини, семејството и пријатели не дошле на погребот по делото кое тој го направи. Енес бил тајно закопан во саботата.

Тој во нападот во кој загинаа двајца војници, фрли бомба, нападна автобус, а потоа се самоуби со бомба во својот дом.

- Се беше брзо завршено, немаше многу луѓе на погребот, кажал еден од гробарите.

Екипата на Ексклузива.ба, отишла и во домот на Енес каде го барала неговиот татко, но тој иако бил дома не сакал да ги коментира настаните, потиштен од болка. 

 
 
25.11.2015 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега