Северина ги откри најемотивните моменти од свадбата

Моментално најпопуларната брачна двојка на Балканот, Северина и Игор Којиќ, ги открија импресиите за својата свадбена бајка која се случи викендов.

-Најемотивно ми беше кога влегов во раскошната сала и ги видов луѓето кои беа дојдени само за нас. Кога после се останавме сами јас и Игор, бевме пресреќни. Мислам дека свадбата беше одлична, не се ни сомневавме дека немаше да биде така, изјавува Северина за српските медиуми.

Таа додава дека одлично се чувствува како госпоѓа Којиќ.

-Се уште не сум навикната на новото презиме, но полека почнувам да го прифаќам. Кога почнав да пеам во еден текст напишаа дека одамна сум го изгубила своето презиме, а имав 21-22 години. Кога некој ќе ги спомене Оливер или Тереза, точно знаат за кој станува збор, така што веќе одамна го изгубив своето презиме бидејќи ме знаат само по име. Убаво ми е да бидам Којиќ, навистина ми е полесно, а и кратко е, изјавува воодушевената Севе.

 
 
26.11.2015 - 14:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега