ВИДЕО: Една е мајка: Слоница копала 11 часа за да го извади од дупка своето младенче

 
Дефинитивно не е лесно да се биде мајка. Слоницата која копала во дупката дури 11 часа ги заинтригирала сите кои се нашле во нејзина близина со нејзината упорност, но кога виделе зошто не сакала да се откаже, сите се воодушевиле.
 
Луѓето се насобрале околу неа за да дознаат што прави, но многумина се откажале пред да дознаат, бидејќи таа упорно копала 11 часа.
 
После тоа конечно од дупката излегло нејзиното младенче кое во текот на прошетката случајно паднало во дупката.
 
Среќни дека се завршило добро, мајката и младенчето продолжиле по својот пат, не обрнувајќи им внимание на набљудувачите.
 
 
26.11.2015 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега