Викендов измени во сообраќајот во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во недела на дел од улицата Трета македонска бригада, на потегот од крстосницата со улицата Васко Карангелевски до улицата Никола Карев, ќе се изведуваат прекопи за поставување подземни инсталации.

Поради тоа, на улицата ќе се воведе привремен сообраќаен режим, во времетраење од 8 до 17 часот, а на коловозот ќе се постави соодветна патна сигнализација.

 

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат нa привремено поставениот сообраќаен режим и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

 
 
27.11.2015 - 09:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега