Зошто ги забораваме имињата на лицата со кои се запознаваме?

Кога се запознаваме со некој за прв пат, често го забораваме неговото име иако ни се претставил. Тоа е така бидејќи името е информација која не е поврзана со ништо друго што знаете.

По првиот разговор, каде најчесто и ќе дознаете што личноста работи, со какво хоби се занимава и слично, сите овие информации ќе се поврзат во вашата меморија, пренесува BBC.

Замислете дека разговарате со лице кое носи црна јакна, кое сака риболов и кое продава автомобили, но планира да ја продаде опремата за риболов. Доколку запомнете дека лицето продава автомобили, таа информација веднаш ќе се поврзе со сака да ја продаде опремата за риболов, сака риболов и слично. Проблемот е што името на соговорникот не се памети, бидејќи таа информација не е поврзана со разговорот.

За среќа постојат неколку чекори за да се зацврсти врската меѓу името на соговорникот и основните податоци за него.

Прво треба да го повторите името гласно, откако ќе ви го кажат.

Потоа обиедете се да го поврзите името со нешто што штотуку сте научиле за личноста.

На крај обидете се името да го поврзите со некој став на лицето.

 
 
28.11.2015 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега