Монструозно убиство: Ја убил со штрафцигер, ја избањал па легнал до неа

Ја убив девојката мамо! Ова биле единствените зборови кои Хрвоје Домобран Књежевиќ и ги кажал на мајка си во полиција, откако ја убил својата 21-годишна девојка. Момчето од Хрватска немало милост. Како што неофицијално се дознава од извори во истрагата, крв имало на сите страни во станот каде го извршил грозоморното убиство. Тој се изживувал врз несреќната девојка, фрлал по неа со елементи од кујната, потоа земал штрафцигер и ја избодел. 

Точното време на убиството не е познато. Најверојатно Књежевиќ ја убил девојката ден пред да биде пронајдена, а потоа легнал до безживотното тело. Најверојатно ја избањал пред да легне до неа. Сакал да ја завитка и сокрие, но се премислил и се јавил кај своите, а потоа и повикал полиција.

Дека се случило убиство не знаеле ни соседите и не слушнале ништо, додека не ги виделе полициските сирени. Тие убиецот го опишуваат како чуден и недружељубив човек.

Засега не е познат мотивот за убиството.

 
 
30.11.2015 - 09:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега