Ало Докторе: Какви проблеми им направи промената на времето на Македонците?

На телефонската линија за медицински совет Ало докторе во текот на изминатата недела се примени вкупно 1303 повици.

64507  повици вкупно   од 15.09.2014 година  на 02/15 123   од   кога започна да работи телефонската линија за медицински совет  Ало докторе.

Линијата е достапна секој ден  24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.

Вкупно 25 доктори  се достапни за медицински совет  .Повиците   се  од граѓани од сите градови на Македонија.

Јавувањата  се  за широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто   за  главоболки, респираторни симптоми, покачена телесна температура, за сезонски вируси, кашлици  предизвикани од  променливите  временски  услови   т.е.  од наглото опаѓање на температурите  карактеристични за овој период од годината .

На сите оние лица кои  побараа  медицински совет   на телефонската линија  Ало докторе им е дадена  здравствена  помош  со  совет и соодветна симптоматска  терапија.

 
 
30.11.2015 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега