„Заедно одеа во градника сега заедно заминуваат во смрт“ - две малолетнички загинаа во страшна сообраќајка

Во Хрватска се случи сообраќајна несреќа во која загинаа две девојки а повредени се уште 6 лица.  18 годишната девојка која возела имала 0,26 промили алкохол во крвта. Загубила контрола на  својот Цитроен во кој се превезувале вкупно 8 лица од кои двајца во гепекот. 

Автомобилот удрил во дрво при што двете сопатнички загинале, а уште 6 лица се повредени меѓу кои и девојката која возела, која поминала со плесни повреди.
Од силниот удар, неколку деца испаднале од автомобилот меѓу кои и една од загинатите девојки. 

Двете загинати девојки биле на возраст од 16-17 години.

Полицијата работи на случајот. 

Хрваските медиуми пишуваат дека загинатите девојки биле многу блиски другарки. Оделе заедно во градника и во училиште, а сега задно заминаа и во смрт, пишуваат тие.

 

 
 
30.11.2015 - 09:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега