МетеоПро: Какво време не очекува во првите 10 дена од декември

Првите десетина дена од декември нема да донесат  некои позначајни промени на времето. Временските услови ќе бидат диктирани од прилично развиено антицилконално поле кое ќе се наоѓа на јужната половина од Европскиот континент и истите нема да дозволат продор на студен воздух од север кон нашите краишта, пишува специјализираниот портал за временска прогноза МетеоПро.

 

Во вакви услови на мала динамика во атмосверата во првите 3 дена се очекува и нешто повисока температурата на воздухот, кога станува збор за максималните вредности низ поголемите населени места, и истата ќе има вредности во дијапазонот од 12°С до 16°С, на југоисток и до 18°С во четврток, 3ти декември. 

 

Во деновите на првиот декемвриски викенд температурата ќе биде пониска за разлика од претходните денови, но сеуште со вредности над 10°С. Југоисточниот крај овие денови очекува максимална околу 14°С. 

Овој температурен тренд ќе се задржи до крајот на овој 10 денвен период.

Утрата нема да бидат особено студени. Минималната температура низ котлините генерално ќе се задржи во диапазонот од 0°С до 5°С, а негативна ќе биде на повисоките места.

Наутро во четврток, 3ти декември, како и во утрата по недела можна е појава на котлинска магла, и истата не би требало да се задржува особено долго во текот на денот. 

Овој 10 дневен период ќе биде генерално сув и без врнежи. Веројатноста за врнежи е под 30%. 

Ќе се задржи претежно ведро време, со мало зголемување на облачноста во периодот од 5ти до 8ми декември.

 
 
30.11.2015 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега