Зоран се скарал со невенчаната сопруга па ја убил

Зоран Грамовиќ, 45-годишниот музичар е уапсен под сомнение дека си ја убил невенчаната сопруга. Како што пренесе српскиот Блиц, Зоран ја убил 35-годишната Јелена Туршум, така што откако имале жестока расправија, ја прегазил со својот автомобил и го оставил безживотното тело на пат. Потоа излегол од автомобилот, а тогаш наишла и полицијата која видела што се случува.

Јелена и Зоран имале по две деца од претходниот брак. Тие биле заедно една година, тој работел како музичар, а таа пејачка во кафеана. 

- Никогаш не се караа, секогаш беа расположени и љубезни. Не ни се верува што слушаме, велат соседите за српскиот Блиц.

 

 

 
 
30.11.2015 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега