Беше омилна девојка на Исламистите а сега... - малолетничката брутално убиена

 Самра Кешиновиќ, 16-годишната тинејџерка која замина во Сирија и премина во Ислам, е убиена од страна на Исламистите за кои претходно заедно со својата другарка, Сабина Селимовиќ, која беше една година постара од неа, беше вистинска икона. Двете тинејџерки заминаа од дома и оставија порака на своите родители дека веруваат само во Алах и дека ќе одат во Сирија, а притоа побараа од нив и да не ги бараат бидејќи одлуката им е конечна.

Според последните податоци, Самра сфатила дека животот таму е повеќе од крвав и злобен, па сакала да избега. Била бремена, а во куќата на еден од Исламистите живеела со неговите други жени. Кога сакала да побегне била фатена, брутално малена оа убиена.

 

 
 
30.11.2015 - 12:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега