Зошто мојата жена плаче? - Урнебесен список на маж кој насмеа милиони луѓе

По венчавката, Арон одлучил  за месец дена да запише што е тоа што може да ја расплаче неговата сопруга Лекс. 

Кога Арон Жил, комичар од Лондон  објави на социјалната мрежа Твитер листа на работи поради кои неговата жена може да пушти солзи, не можел ни да замисли дека ова парче хартија ќе стане вистинки Интернет хит и ќе насмее милиони луѓе низ целиот свет. 

- Мојата жена плаче поради апсолутно се. На се, напишал Арон на Твитер

Нормално, пред да го објави списокот на Интернет, прво ја прашал Лекс за дозвола, за повторно да не ја расплаче. 

Еве што се најде на неговата листа: 

-Дозна дека лебедите можат да бидат хомосексуалци и тоа ѝ се допадна.

- Мамурна здогледа фотографија на мало прасенце.

- Чекав да се стемни и се маскирав во чудовиште.

– Малиот зајак успеа да избега од лисица во документарна емисија.

- Ни снема колачиња.

- Повторно ѝ текна дека лебедите може да бидат хомосексуалци.

– Ја фатив за рака кога најмалку очекуваше.

– Ѝ подготвив вечера.

- Гледала видео за некое куче.

Поради овие причини Лекс плачела во текот на месецот, а сега стана апсолутен хит на Интернет. 

Оваа фотографија е шерувана повеќе од 40 илјади пати додека пак лајкови има над 60 илјади.

 

 

 

 

 
 
02.12.2015 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега