Солзи и болка: Најпотресниот статус за младата Орнела

Орнела за жал ја загуби битката со животот. Естрадата е во црно, а Антонио Димитриевски го напиша најтрогателниот статус.

Тешко е во овие мигови човек било што да каже...тешко е да замислиме дека те нема повеќе меѓу нас. Но, ако таму некаде горе има свет, поубав и поправеден од овој, ти ќе бидеш новата принцеза, новата муза на уметноста, на убавината, на песната, играта, дизајнот...

Зашто верувам дека тој свет е многу поинаку дизајниран од овој, овдешниот...суров, неспокоен, неправеден...!

И покрај сета болка и жал што ми ја стегаат душата, еве, собрав малку сили да им кажам на сите дека чест ми е што те познавав, горд сум што можев да бидам во твоја близина и бескрајно тажен што повеќе ја немам таа привилегија, ангелу...

Наместо нас, сега ќе те дружат ангелите, ќе пееш и танцуваш таму каде што се Тоше, Дуле, Гоце, Бојс, Сашка, Авона....македонските АНГЕЛИ.

Почивај во мир, моја мала пријателке!

 
 
02.12.2015 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега