Роналдо секој ден после тренинг лета за Мароко – Еве и зошто!

Како што пишуваат поедини медиуми во Шпанија, Реал малку се загрижени поради новите навики на Кристијано Роналдо.

Сепак влезе во номинацијата за Златна топка иако Кристијано Роналдо во 2015 година не освои ама баш ништо. Лошиот влез во годината, па и оваа есен во која не е на ниво како и онаа минатогодишната е причина за многумина зашто не можеше да се најде меѓу тројцата кандидати. Но, дури и Лео Меси изјави дека Кристијано мора да биде таму.

„Луис Суарез исто така заслужи да биде меѓу трите кандидати (Меси и Нејмар) но не може да се каже дека тоа не го заслужи и Роналдо“, коментираше Меси откако ја освои наградата за најдобар играч во Шпанија.

Во Реал се загрижени пишува Спорт, што нивната најголема ѕвезда има нова навика. Неодамна купи нов авион, свој приватен млажнњак кој го чинеше 19 милиони евра.

Ова превозно средство му стана многу драго, а Роналдо речиси секој ден после тренингот кој завршува во 15 часот седнува во авион и заминува за Мароко!

Но, не прекршува никакво клубско правило затоа што до Рабат во Мароко потребни се час и половина па секоја вечер повторно се враќа во Мадрид. Причината поради која Португалецот почнал да иде во Рабат се вика Бард Хари.

Очигледно му се допаѓа краткиот одмор кој таму го поминал во октомври, а каде домаќин му е токму неговиот голем пријател кој сите го знаат како еден од најпознатите кик-боксери на денешницата и вистински злочест дечко на овој борачки спорт.

И двајцата развија големо пријателство последните години, а Роналдо не му смета што Хари е осудуван насилник кој некое време го минал и во холандски затвор.

 
 
02.12.2015 - 19:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега