(ФОТО) Тинејџерка се обесила поради алергија на бежичен интернет

Петнаесетгодишната тинејџерка Џени Фрај е пронајдена мртва во близина на својот дом во Чадингтон.

Како што пренесуваат медиумите таа се обесила откако со месеци трпела ужасни главоболки, замор и проблеми со бешиката, предизвикани од електромагнетната хиперсензитивност – екстремна осетливост на електромагнетното поле, вклучувајќи и бежичен интернет.

Џени кобниот ден се јавила на другарки дека нема да оди во школо. Кога нејзините родители сватиле дека не се јавува на телефон, повикале полиција, за потоа да ја пронајдат како виси на едно дрво.

Долго време се жалела дека не и е добро. Штом го исклучивме интернетот состојбата и се подобри, но во школо продолжи да биде изложена на електромагнетно поле. Неколку пати дури и била казнета затоа што не можела да го одржи вниманието на предавањата“, вели нејзината мајка Дебра.

Дебра покрена кампања за укинување на бежичниот интернет во домовите и школите, бидејќи посотјат деца кои патат од истиот проблем како Џени.

 

 

 
 
02.12.2015 - 21:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега