ФОТО: Вин Дизел објави емотивна порака за двегодишнината од смртта на Пол Вокер

Со емотивни пораки на социјалните мрежи  колегите и пријателите ја одбележаа годишнината од смртта на Пол Вокер.

Вин Дизел која на ќерката Полина и го даде името во знак на сеќавање на загинатиот актер, објавил фотографија со Вокер на Инстаграм со следна порака:„ Без оглед каде и да си сега во вселената засекогаш ќе бидеш мојот брат“.

Од друга страна ниту Тајрес Гибсон не  пропушти да ја одбележи годишнината од смртта на колегата и пријател Пол Вокер.

-Се уште е многу тешко, а поминаа две години. Загубивме брат, а јас и ден денес се обидувам да најдам начин како да прифатам дека тоа се случило. Со голема тага во срцето го пишувам ова денес  – напишал Тајрес на својот профил на Инстаграм.

 
 
03.12.2015 - 13:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега