Родители, внимавајте: Овие таблети им ги давате на вашите деца, а треба да ги фрлите во канта!

Прекумерни дози на орална суспензија кои содржат активна состојка на парацетамол, што родителите им ги даваат на децата за да им се намали треската, може да доведе до здравствени проблеми подоцна во животот на децата, предупредуваат британски педијатри.
 
Педијатарот и професор по педијатрија на Универзитетскиот колеџ во Лондон, Алистер Сатклиф тврди дека родителите со овој потег често ги изложуваат своите деца на ризик за подоцна во животот да им се развие астма, болест со срцето и бубрезите, или оштетување на црниот дроб, пишува Сандеј тајмс.
 
Кралската фармацевтска асоцијација (СВР) го дели мислењето со др.Сатклиф и укажува на истите проблеми. Британски фармацевти смета дека родителите треба да бидат едуцирани за тоа што се случува кога на децата им се дава орална суспензија базирана на парацетамол. Подеднакво мислење имаат и членовите на Кралскиот колеџ за Педијатрија и здравје на детето (RCPCH).
 
Совет за родителите е што помалку да се потпираат на термометри кои често може да бидат непрецизни, туку да посветат поголемо внимание на однесувањето на детето. Првите симптоми на висока температура кај децата се омалаксаност и недостаток на потреба за течност.
 
Затоа советот од докторите е да им се даваат повеќе течности на децата и да се проверат прецизно инструкциите за дозирање на лекот.
 
 
03.12.2015 - 14:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега