Владата ги исплати пензиите на 300.047 пензионери

Владата денеска ја исплати пензијата за овој месец. На сметките на 300.047 пензионери префрлени се 3 милијарди 849 милиони денари. Просечната пензија заклучно со овој месец изнесува 13.077 денари.

- Исплатата на пензиите се одвива и ќе продолжи да се одвива редовно во секоја прва недела од месецот. Поддршката на животниот стандард на пензионерите и социјалните категории останува приоритет на Владата, се наведува во соопштението на Министерството за финансии.

 
 
04.12.2015 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега