ВИДЕО: Премиерот Груевски на средби со граѓаните во виничко кочанскиот крај

Премиерот Никола Груевски до доцна вчера вечер имаше средби со граѓани во виничко кочанскиот крај.

Тој го посети селото Оризари, кочанско, каде изврши увид во изградбата на спортската сала која треба да биде готова за десетина дена, инвестиција вредна 40 милиони денари.

Со оваа спортска сала и уште една во селото Миравци,  досега ќе бидат изградени 85 спортски сали ширум државата.

Освен тоа премиерот Груевски оствари и средби со жителите, каде се информираа за текот на изградбата на браната на оризарска река Речани.

Премиерот Груевски оствари и средба со жителите на село Јакимово во Виница. Таму еден од жителите побара продолжување на патот , како и поширок опфат на канализационата мрежа, на што позитивно беше одговорено од градоначалникот на Виница, Емил Дончев.

Инаку, премиерот Груевски изврши увид во изградбата на социјалните станови во Кочани.

 

 
 
04.12.2015 - 17:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега