Денеска уживавме во сонцето - еве какво ќе биде времето за викендот

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а во претпладневните часови долж Повардарјето и по одделни котлини и речните долини ќе има појава на магла и ниска облачност.

Утринската температура ќе се движи од минус три до шест, а дневната од 10 до 16 степени.

Во Скопје слично време, сончево со слаба утринска магла. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до 12 степени.

Во наредниот период ќе продолжи стабилно и суво време со релативно високи дневни температури. Поради јужното струење по котлините ќе има појава на утринска магла и ниска облачност особено во претпладневните часови. 

 
 
04.12.2015 - 18:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега