СДСМ сака тензии со цел да избега од изборите

СДСМ не сака развој, туку сака економијата повторно да се закочи, да се стопира отворањето на работни места, отворање на фабрики, покачување пензии, плати и субвенции. СДСМ повторно сака тензии со цел да избега соочување со волјата на народот, пишува Курир.

Соочени со лошиот рејтинг, најголемата опозициска партија СДСМ дефинитивно почна со спроведување на нивната излезна стратегија да избегаат од изборите, СДСМ да не учествува на изборите или пак изборите воопшто да не се одржат.

Главниот повод кој СДСМ ќе го искористи како причина да избега од изборите е да не се постигнат решенија за двете актуелни теми, медиумите и составот на Државната изборна комисија (ДИК), каде што претходно веќе имаше првичен договор.

Преку поставување на нереални и штетни предлози и позиции во однос на медиумите, за кои СДСМ однапред знае дека ќе бидат одбиени, партијата спрема подлога да го напушти процесот и одбегне избори пред се’ поради тоа што им е познато расположението на граѓаните и стравот од пораз кој е извесен. Ова особено доаѓа до израз ако се знае дека СДСМ убедливо губи и има очајна поддршка од граѓаните, потврдено и со сите последни мерења на расположението на граѓаните и анкети.

Во СДСМ членството е демотиворано, а раководството исплашно од одржување на избори кои ќе значат дефинитивен крај на нивната политичка кариера. СДСМ сака да протне фашистички предлози за медиумите, кои се непознати во ниту една европска земја, и тоа откако претходно лидерот Зоран Заев јавно посочи дека медиумите се најголеми политички непријатели на СДСМ.

Инаку, постојниот закон за медиуми е донесен почитувајќи ги европските норми и во согласност со Европската унија. Впрочем, таквото решение го оцени како одлично и самата Дуња Мијатовиќ како претставник на ОБСЕ за слобода на медиуми, која даде позитивна оценка. Однесувањето на политичките партии во изборниот процес е веќе дефинирано со постоечкиот закон.

Околу ДИК, тема која се сметаше за договорена, СДСМ сега сака нереално и неаргументирано да добие апсолутна контрола врз составот на ДИК преку настојување двајца од тројцата експерти кои треба да се членови на ДИК и за кои треба да има договор меѓу политичките партии, всушност да се поддржувачи на СДСМ и тие да им ја одработат работата во изборното тело.

Ваквиот развој на настаните е дефинитивен показатал дека СДСМ очајно сака да избега од избори. Со ова, најголемата опозициска партија настојува државата да ја внесе во уште подлабока фаза на криза спроведувајќи деструктивно сценарио.

СДСМ не сака развој, туку сака економијата повторно да се закочи, да се стопира отворањето на работни места, отворање на фабрики, покачување пензии, плати и субвенции.  СДСМ повторно сака тензии со цел да избега од соочување со волјата на народот.

 
 
04.12.2015 - 18:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега