Квиз натпревар „Да учиме за ЕУ“

Во организација на Европското движење во Република Македонија и во соработка со Град Скопје, денеска ќе се одржи квиз натпревар за државните средни училишта под наслов „Да учиме за Европската унија“.

Ова е финална манифестација, како дел од проектот за запознавање и изучување на темите од областа на уредувањето, структурата и особеностите на членките и на ЕУ што го спроведува ЕДРМ од 2002 година. На манифестацијата ќе учествуваат гиманзиите „Здравко Цветковски“ „Раде Јовчевски Корчагин“, „Никола Карев“, „Панче Арсовски“ и „Васил Антевски Дрен“ од Скопје.

 
 
05.12.2015 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега