Откриен идентитетот на загинатиот: Детали за крвавата сообраќајка во Кисела Вода

Страшна сообраќајка со едно загинато лице вчера ја потресе скопска Кисела Вода. Во несреќата учествувале „лада“ со скопски таблички и патничко комбе „форд“ со српски регистарски ознаки. За жал, на местото на настанот  животот го загуби 31-годишниот Мирче Д. од Скопје, додека со тешки повреди се здобил 19-годишниот сопатник од „ладата“ Д.Д.Б, кој итно бил пренесен во Ургентниот центар.

Меѓу повредените пет лица се и возачот на патничкото комбе А.Б. и неговите тројца сопатници, 42-годишната Б.Ј., М.Б. (28) и Х.С. (23), кои биле пренесени во ГОБ „Наум Охридски“.

Полицијата врши увид.

 
 
05.12.2015 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега