Денеска е празник на светицата која го ширеше Христијанството

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 22 ноември.

Денеска е Св. маченица Цецилија.

Свети Цецилија Римјанка се роди во богато и угледно семејство. Рано се одлучи на девствен живот. Подоцна, родителите ја омажија за некое незнабожечко момче, Валеријан. Уште првата ноќ, Цецилија го посоветува да се крсти и во бракот да продолжат да живеат девствено.

Тој се крсти, а подоцна кон Христос го привлече и својот брат Тивуртиј. Не помина многу време, а двајцата браќа беа погубени од римската власт заради нивната вера.

А света Цецилија не престануваше да ги придобива незнабошците за верата во Христа, па најпосле и таа беше погубена, во 230 година.

Моштите и се наоѓаат во Рим, во црквата што го носи нејзиното име.

 
 
05.12.2015 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега