Еден загинат, четворица се борат за живот: МВР со детали за трагедијата во Кисела Вода

Трагедија го потресе Скопје. Синоќа во 23 часот и 30 минути на раскрсницата од улиците „11-ти Октомври“, булеварот „Борис Трајковски“  со „Јужен Булевар“, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Лада“ со скопски регистерски ознаки управувано од 31-годишниот Мирче Д. од Скопје и возило „Форд Транзит“ со српски национални ознаки управувано од 31-годишниот А.Б. од Србија. Како што денеска соопшти МВР, во незгодата Мирче за жал починал на местото на настанот, а со тешки телесни повреди се здобил Д.Д.Б.(19), сопатник од Ладата, кој со возило на Брза помош бил пренесен во Ургентниот Центар за укажување на лекарска помош.

Со телесни повреди се здобил возачот на „ Форд Транзит“ и сопатниците Б.Ј.(42), М.Б.(28), и Х.С.(23) по што со возило на брза помош биле пренесени во Градската Општа Болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Полицијата работи на случајот.

 
 
05.12.2015 - 12:20
Фото: 
курир

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега