Тетовчанец дивеел во угостителски објект
Деветнаесет годишно момче од тетовско е приведено поради напад и нанесување на телесни повреди.
Додека вчера околу 22 часот и 30 минути во селото Ларце, тетовско, во угостителски објект, 23-годишниот М.Ш. седел со двајца негови пријатели, влегол 19-годишниот Х.И. и без повод и причина го удрил со остар предмет во пределот на главата и му нанел расекотина над увото по што го напуштил местото на настанот.
Истиот бил пренесен во клиничкиот центар Тетово каде му биле констатирани телесни повреди.
Х.И. по кратко време бил пронајден и приведен, со истиот е извршен разговор и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа