Јолевски: Сите заинтересирани млади лица да се пријават на конкурсот на пилоти

Министерот за одбрана Зоран Јолевски кој денеска во рамки на Отворениот ден го посети Центарот за обука на пилоти ги повика сите млади лица до 27 години кои се заинтересирани да се пријават на отворениот конкурс.

- Овој центар, кој е заеднички проект со израелската компанија „Елбит“ е еден од најквалитетните центри од овој тип во светски рамки, истакна министерот Јолевски, нагласувајќи дека процесот на селекција е целосно објективен и се темели единствено на покажаните способности преку серијата тестирања на заинтересираните кандидати.

Министерот Јолевски посочи дека кандидатите кои поминуваат низ обуката што трае година ипол немаат никакви финансиски трошоци, а по завршувањето се распоредуваат во рамки на сквадроните во Армијата на Република Македонија и се стекнуваат со звањето воен пилот.

Во рамки на Центарот за обука на пилоти, обуката се реализира на авионите „Злин“ и хеликоптерите „Бел 206“. Дел од центарот се и два најмодерни симулатори на хеликоптерите Ми-8/17 и Ми-24.

 
 
05.12.2015 - 14:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега