Драма во Ново Лисиче: Страшна сообраќајка - момче се заглавило во автомобилот кој чадел

Во четири часот утринава уште една страшна сообраќајка ја потресе Македонија. Како што пишува Бриф, три возила се судриле во близина на паркот „Аеродром“ на булеварот АСНОМ, при што едно од момчињата останало заробено во автомобилот кој чадел, но за среќа била спречена трагедија со брзата интервенција на Брзата помош. 

Момчето било итно пренесено во болница.

Ова е втора страшна сообраќајка викендов откако во петокот половина час пред полноќ, на раскрсницата од улиците „11-ти Октомври“, булеварот „Борис Трајковски“  со „Јужен Булевар“, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Лада“ со скопски регистерски ознаки управувано од 31-годишниот Мирче Д. од Скопје и возило „Форд Транзит“ со српски национални ознаки управувано од 31-годишниот А.Б. од Србија, при што за жал младото момче од возилото ЛАда имподлегна на тешките повреди.

 
 
06.12.2015 - 10:36
Фото: 
БРИФ

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега